
Оваа сабота, 17 мај, со почеток во 12:00 часот, Музејот на современата уметност – Скопје ве поканува на „МСУ Водич“ и Матине дружење.
Во 12:00 часот, кустос-водич Бојана Јанева ќе ве запознае со трите тековни меѓународни изложби:
• „45 години ФЛУ“ – Јубилејна изложба, резултат на соработката помеѓу Факултетот за ликовни уметности при УКИМ – Скопје и МСУ–Скопје.
• „Форми што летаат: меѓународни уметници во француските колекции“ – Избор на дела од француските колекции на мсуЛион и МСУ–Скопје. Курирана од Матје Лелиевр, директор на Одделот за колекции при мсуЛион.
• „Калдер: Флуидена модерност“ – Изложба која ја истакнува звучната композиција на Дорит Крајслер, создадена во интеракција со мобилот на Александар Калдер. Курирана од Нада Прља.
Една од последните можности да ги видите изложбите пред нивното затворање.
Од 13:00 часот, продолжуваме со матине дружење и музички избор на ДЈ Дарко Јорданов.
За најмладите посетители, повторно ќе биде организирано Детско катче, каде децата ќе може да цртаат инспирирани од изложбите.
Со особена благодарност до нашите соработници и партнери: Факултетот за ликовни уметности при УКИМ – Скопје, мсуЛион – Музеј на современа уметност од Лион, Амбасадата на Франција, Амбасадата на Австрија, Францускиот институт во Скопје и град Лион, како и до нашите спонзори: Тиквеш и Heineken.
Дела прикажани на насловната фотографија: Шурук Хриш, …Пејсажите минуваат… (2024) (десна страна); Пјер Алешински, Последна голтка (1963); Зора Штак, Композиција 1 (1963); Марио Прасинос, Беси (1963) (лева страна).