Skip to main content

Земи или остави: Oва е понудата на Путин за траен мир во Украина

Мировните преговори со Украина, предложени од рускиот претседател Владимир Путин, ќе го вклучат нацрт-договорот меѓу двете земји од 2022 година, кој беше напуштен, како и фактот дека Русија контролира речиси една петтина од територијата на Украина, објави вчера Кремљ.

Путин предложи одржување директни преговори со Украина, чија цел е постигнување траен мир и завршување на војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави иницијативата, велејќи дека Киев е подготвен за разговори, но дека Москва прво мора да се согласи на итен прекин на огнот.

Нацртот што беше договорен таму и кој ја постави рамката за можно решение на конфликтот е познат како „Истанбулски договор“.

Според нацрт-документот, Украина би се согласила на трајна неутралност во замена за меѓународни безбедносни гаранции од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН: Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД, но и од други земји, вклучувајќи ги Белорусија, Канада, Германија, Израел, Полска и Турција.

Всушност, Украина привремено се согласи на нечленство во НАТО во замена за безбедносни гаранции кои, во случај на руска инвазија, би ги обврзале САД и нивните сојузници директно да се вклучат во борбата против Русија.

Поврзани вести