
ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати.
Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот.
ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт освен неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година.