Skip to main content

Муртезани во работна посета на Брисел

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес и утре ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, министерот Муртезани ќе одржи средби со претставници на Европскиот парламент, Европската комисија и Генералниот директорат за соседство и проширување (ГД ЕНЕСТ), на кои што предвидено е да се разговара за тековниот статус на евроинтегративниот процес, напредокот во имплементацијата на Реформската агенда, како и за активностите поврзани со Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан.

На средбите ќе се дискутира за реформите во областа на владеење на правото, јавната администрација, заштитата на правата на заедниците, дигитализацијата и енергетската транзиција. Исто така, ќе се адресираат и прашањата поврзани со финализацијата на Патоказите за владеење на правото и  реформите во јавната администрација, напредокот со користењето на ИПА III, како и за претстојните чекори во рамки на економското приближување и пристапувањето кон Единствениот пазар на ЕУ.

Поврзани вести