
Речиси половина од испитаниците од последното истражување на МКД.мк, во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, покажа дека македонските граѓани не знаат кој политичар да го посочат како лидер на опозицијата. Затоа, ќе одбегнеме така да ја наречеме нашата Личност на неделата, која одамна заслужи да се најде меѓу овие редови:
Венко Филипче
А, очајно сака да биде! Се труди од петни жили да изгледа умерен, дека е со промислени изјави и постапки, што би рекле за митрополите – достоен!
Ама, ете, на цело стегање, вчера конечно му излезе тоа од него. Призна дека има златна виза за Дубаи. Во еден исто колку него популарен поткаст. На прашањето зошто оваа приказна не била кажано порано, Филипче одговори дека мисли дека треба сите да се обидат нивото на политичка дискусија, дебата и култура да се промени.
И од тука почнува маката. Филипче бара достоинство.
А, самиот е фатен во лага, затоа што пред само две недели на истото прашање околу визата одговори поинаку.
Немам виза која е поврзана со инвестиции, немам виза која е поврзана со недвижнини, немам илјадници евра, немам сметки. Немам виза која е поврзана со милиони, авиони, камиони. Едноставно имам само виза која што ми овозможува да патувам, одговори Филипче на прашање на Телма телевизија пред две недели.
Па, еве, да прашаме – за какво достоинство зборуваме?
Неделава, исто така, на отворањето на новата градинка во Центар, ничим изазван или повикан, му се истопори пред градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, да се слика, небаре неговата партија некако му помогнала та нему, та на Општината околу целиот овој проект.
И на едно такво место, со деца подготвени да играат и да пеат, свечено да означат почеток на нова ера во нивното маало, Филипче застана да зборува пред новинарите – за трагедијата во Кочани!
Изработивме предлог-закон кој навистина мислам дека е добар. Има финансиска надокнада за семејствата коишто изгубија членови, има финансиска надокнада за сите тие кои имаат трошоци за лекување, има некои поволности за децата кои сега губат настава во училиштата, нешто од аспект на социјалата, така што мислам дека е добро и квалитетно решение. Во еден дел се осврнуваме и на семејствата од претходните трагедии – Ласкарци, Тетово, „Беса-транс“.
Втор пат доаѓа прашањето – за какво достоинство зборуваме?
За потсетување – СДСМ беа на власт за време на овие претходни трагедии. Тогаш молчеа, го обвинуваа продолжниот кабел, а сега им текна на закон за помош на семејствата на загинатите и повредените од автобуската несреќа кај Ласкарци, ужасната несреќа во Бугарија со автобус на Беса Транс, како и да оние кои настрадаа во пожарот во модуларната болница во Тетово. Па, побогу, Филипче, вие бевте министер за здравство. Изгоре болница! Со живи луѓе внатре!
За какво достоинство зборуваме?
Пред некоја недела со цел ум излеговте пред собранието и клепавте пред родителите и семејствата на загинатите во Кочани. Со кое лице?
За какво достоинство зборуваме?
И за крај, еве, да речеме дека сите овие примери од последниот период навистина се со добра намера. Да речеме дека навистина сте она што сакате да бидете – достоинствен политичар.
Зарем треба да заборавиме кој ви е најдобар пријател? Со кого го поминувате слободното време? Со кого делите шеги, пијачки, заедно се капите на одмор, заедно се возите, заедно макате од истата грчка салата?
А, бе, Филипче, си прдите со Заев! За какво достоинство зборуваме?