
Полската полиција соопшти дека привела 22-годишен полски државјанин кој убил жена со секира во напад во кампус на Универзитетот во Варшава.
-Полицијата приведе машко лице кое влегло во кампусот на Универзитетот во Варшава. Едно лице починало, а другото е пренесено во болница со повреди, соопшти полицијата на платформата Икс.
Во моментов нема дополнителни информации од полицијата.
Портпаролот на канцеларијата на окружниот обвинител изјави дека убиената била административна службеничка на универзитетот, а член на обезбедувањето кој е ранет е пренесен во болница во критична состојба.
Ректорот на Универзитетот изјави дека денеска е ден жалост во институцијата, нарекувајќи го нападот „огромна трагедија“.
„Изразуваме голема тага и сочувство до семејството и најблиските“, се вели во соопштението на ректорот.