
Венко Филипче, министерот кој ја остави државата без лекови и граѓаните без здравствен систем, сега се обидува да ја третира реалноста со анкети по негова мерка – лажни, невалидни и политички наредени.
Повеќе од јасно е дека болката од катастрофалниот пораз сè уште го држи буден, па наместо да се соочи со вистината, си измислува падови каде што има раст, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во денешното соопштение за медиуми додаваат:
Ако има елементарна пристојност – каква што очигледно нема – Филипче треба да покаже барем една релевантна анкета каде СДС има повеќе од 6%. Само една. Без вашиот партиски „анкетен софтвер“, без вашите партиски портали и без вашиот кујнски штаб. Да видиме, дали постои барем едно истражување на јавноста кое ја потврдува фантазијата што ја продава Филипче овие денови?
Вашите анкети покажуваа и пред изборите лани дека ќе победите и дека ќе формирате влада со сите албански партии, нудејќи им сè живо и диво на ДУИ. Оттука ги разбираме обидите на Филипче да ги „раздвижи“ и мотивира и оние малкумина поддржувачи што ви преостанаа. Не се сомневаме ни дека истите анкетари кои ви ги правеа тие анкети денес се и политички советници кај Филипче, па мора да си ја оправдаат платата и да му сервираат секакви глупости. А тој, како неврохирург, го разбираме зошто се доведува во ситуација да им верува. Но, се ближат избори и повторно ќе се увери дека го лажат – или, пак, неговото членство, она што остана, ќе се увери дека тој ги лаже нив.
Вистината е една – ВМРО-ДПМНЕ има стабилна поддршка, а СДС продолжува да биде во слободен пад и со празни митинзи. Народот не заборава: здравствениот криминал, тендерите и неспособноста се синоними за времето на Филипче и Заев.
Времето на лагите помина.
СДС и нивните „анкетари“ остануваат длабоко во минатото.