Skip to main content

Во Украина стапи на сила тридневнот примирје што го прогласи Путин, има контакти за евакуација на ранетите и мртвите од ничија земја

На фронтот во Украина од денеска почна тридневното примирје што го прогласи рускиот претседател Владимир Путин, по повод Денот на победата над фашизмот.

Според воените блогери коишто секојдневно ги следат случувањата на фронтот, од утринава прекинот на огнот генерално се почитува. Тоа важи и за украинската страна, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно го отфрли предлогот на Путин за тридневен прекин на огнот.

Според информациите од лице место, на некои делови од фронот веќе има контакти меѓу двете страни за евакуирање на ранетите и отстранување на телата на загинатите војници коишто се наоѓаат во неутралната зона.

Сепак, примирјето не важи за Глушковскиот регион во руската област Курск, каде што украинските сили веќе неколку дена се обидуваат да извршат продор.

Така, и утринава продолжиле украинските напади кон Тјоткино, но по сериозниот одговор на руските сили, се повлекле на почетните позиции.

Поврзани вести