СДСМ ја смета за исклучително значајна поддршката на стратешките партнери на Македонија во борбата против корупцијата и криминалот – велат од опозиционата партија.
Оттаму додаваат:
Сите сомнежи за корупција мора да бидат истражени и санкционирани без компромис од страна на правосудните органи во Македонија. Го охрабруваме целиот правосуден систем во државата да работи посветено и без двоумење на расчистување со сите форми на криминал и корупција, со цел да обезбеди праведност и еднаквост за сите граѓани.
СДСМ останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на нашата иднина, се наведува во партиската реакција.