
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум изјави дека го отфрлила предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање американски трупи во Мексико за борба против трговијата со дрога.
Шајнбаум истакна дека суверенитетот на Мексико не е на продажба.
Територијата е света, суверенитетот е свет, суверенитетот не е на продажба, суверенитетот се сака и брани“, рече Шајнбаум на митинг во близина на Мексико Сити.