Skip to main content

Вреди порача дека Ахмети и Османи планирале дестабилизација преку Уставен суд, но пропаднал планот

Коалицијата Вреди соопшти дека ДУИ е разочарана бидејќи и пропадна планот да го поништи Законот за јазиците и со тоа да ја дестабилизираат државата.

„Планот на Али Ахмети и Бујар Османи, преку судии именувани од нив во Уставниот суд, да го загрозат албанскиот јазик во Македонија и да ја дестабилизираат земјата, пропадна пред да земе замав. Бујар Османи, како почетник во политиката и без кредибилитет, не успева да го сокрие своето разочарување. ДУИ беше подготвена да го жртвува албанскиот јазик само за една ниска цел: Да се врати на власт по секоја цена“, се наведува во соопштението.

Вреди порачува дека албанскиот јазик не е предмет на преговори.„Лагите завршија.

Две децении, ДУИ правеше работи половично, за пред очи на јавноста, манипулирајќи со албанската кауза за лични и партиски зделки. Следните локални избори веќе не се само избори.

Тие се РЕФЕРЕНДУМ за албанскиот јазик, за еднаквоста на Албанците во оваа држава и за конечно ставање печат на ДУИ како партија „нон грата“ и како „организација“ на тесни лични интереси“, соопшти коалицијата.

Поврзани вести