Skip to main content

„Враќање во иднината – новоформирани вински сорти од Србија“: Несекојдневна работилница на Скопскиот вински салон – Винодонија

Работилницата на Скопскиот вински салон – Винодонија „Враќање во иднината – новоформирани вински сорти од Србија“, ќе ви овозможи да нурнете длабоко во светот на ампелографската генетика и да се запознаете со ново настанатите хибридни сорти создадени со прекрстување во реномираниот институт за лозарство во Сремски Карловци, Србија.

Сортата „Сила“ звучи моќно, „Неопланта“ изгледа латински, а „Пробус“ има антички наратив и се однесува на историска личност. „Морава“ веќе ја знаеме по познатата река и српската традиција. Бидете дел од регионалната винска иднина преку дегустација на вина направени од овие уникатни сорти.

Предавач: Наталија Кењериќ, сомелиер, Србија

14. декември 2024, 13:00 ч.

Хотел Мериот Скопје

Meeting Room D (прв кат)

Картите за работилницата се во ограничен број и истите може да ги купите на овој ЛИНК.

Поврзани вести