Skip to main content

Tалентирани ученици и нивните наставници во центарот за култура „Ацо Шопов“ организираат хуманитарен концерт за настраданите во кочанската дискотека

МИА

Околу 200 талентирани ученици од источниот регион утревечер во 19 часот на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе свират и пеат македонски забавни и народни песни, а по подолга пауза штипјани ќе слушнат и мандолински оркестри.

Виктор Карапанџов од Здружението на музички педагози вели дека станува збор за хуманитарен концерт, а чија цел е обезбедување финансиска поддршка на настраданите семејства од трагедијата во Кочани. Карапанџов вели дека источниот регион е расадник на музички таленти.

Бројката на деца кои ќе настапат е од 180 до 200, а имаме хор од Виница, играорна група ќе ни гостува од Виница, потоа имаме мандолински оркестар и да напоменам дека овде во Штип долги години немаме слушнато мандолински оркестар. Значи мандолински оркестар од Пехчево, потоа од Берово имаме мешан оркестар со мандолини, клавир и гитара, специјално за оваа намена Штип како наставници се здруживме од три училишта „Ванчо Прќе“, „Тошо Арсов“ и „Славејко Арсов“ и направивме еден голем хор специјално за оваа манифестација, вели Карапанџов.

На хуманитарниот концерт ќе настапат и солисти, оркестри. Целта е да се здружат наставниците и учениците, а публиката да дојде и да ги слушне и виде нивните таленти. За овој хуманитарен концерт нема да се продаваат билети, туку ќе биде поставена кутија, во којашто секој граѓанин ќе може да донира колку сака за настраданите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Поврзани вести