
Вчера во 14.20 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привеле С.А.(44) од Скопје, кој претходно се обидел илегално да ја премине државната граница од Македонија во Грција.
При извршена проверка констатирано било дека за него била распишана потерница за издржување на затворска казна во траење од четири години и 10 месеци. С.А. бил спроведен во Казнено- поправната установа Затвор Штип, соопшти МВР.