
Доцна синоќа во 21.25 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во 20.30 часот во Клиничката болница Штип починал затвореникот Д.Д.(83) од Македонска Каменица.
Според пријавеното, околу 14.00 часот тој бил пренесен во болницата со влошена здравствена состојба, а во 20.30 часот починал.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Штип.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, информираат од МВР.