
Според германскиот весник „Билд“, германскиот автомобилски гигант „Мерцедес“ има намера да го пренесе производството на до 100.000 автомобили во унгарскиот град Кечкемет. Овој потег значи дека работните места во Германија во иднина ќе бидат намалени.
Причината е едноставна – кризата што ја зафати германската економија. Како што изјави финансискиот директор на „Мерцедес“, Харалд Вилхелм, работната сила во Унгарија е околу 70% поевтина отколку таа во Германија.
Компанијата официјално не ја коментираше најавата за таквиот потег, но унгарскиот премиер Виктор Орбан веќе позираше со извршниот директор на компанијата, Ола Калениус, на официјални фотографии.
Во Будимпешта тврдат дека фабриката Кечкемет ќе стане втората по големина фабрика на „Мерцедес“ во Европа. Таму во иднина годишно ќе се отворат уште 60 производствени капацитети и до 3.000 нови работни места.
„БМВ“ и „Бош“ исто така ги прошируваат своите локации во Унгарија. Написот го нарекува овој процес „тивко повлекување“ на германската индустрија.