Skip to main content

Не заборавајте дека јајцата ќе ги сварите два или три дена пред Велигден, а ќе ги јадете неколку дена потоа, затоа внимавајте какви јајца купувате

Не заборавајте дека јајцата ќе ги сварите два или три дена пред Велигден, а некои ќе ги јадете неколку дена потоа. Токму затоа што долго стојат, важно е да обрнете внимание на тоа какви јајца купувате

Освен за естетиката, важно е да водиме сметка и за здравјето. Бидејќи велигденските јајца обично стојат долго – прво, чекајќи од петок до недела, а потоа стојат на масата додека не се изедат (барем 2-3 дена), ви донесуваме некои од најважните совети за купување.

– Купете чисти и неоштетени јајца;

– Не купувајте јајца со оштетени лушпи или јајца кои се видливо неисчистени од остатоци и пердуви;

– Кога ги варите јајцата, најдобро е да ги варите 12 минути од моментот кога ќе зовријат;

– Ако не ги боите јајцата природно, односно, со помош на храна со силни бои, кога купувате боја во кесички, земајте ги оние што се означени како прехранбени бои;

– Сировите јајца се потенцијален извор на салмонела, па затоа е препорачливо да ги измиете со млака вода пред да ги сварите и да ги украсите;

– Офајбајте толку јајца колку што сте сигурни дека ќе се изедат, бидејќи е греота да се фрла храна, особено велигденски јајца;

– Јајцата кои се обоени, неизлупени и без оштетена лушпа и стојат неколку часа на собна температура или се неколку пати извадени од фрижидерот, треба да се јадат во рок од еден до два дена.

извор: арткујна.мк

Поврзани вести