
Литванија го предупреди Си Џинпинг дека ќе има последици од неговата посета на Москва на 9 мај на прославата на Денот на победата на нацизмот.
Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, го повика кинескиот лидер внимателно да ги „мери ризиците“ и да донесе правилна одлука во врска со официјалното учество на Кина на Парадата на победата во Москва на 9 мај.
Литванија не се придржува до политиката на закани, но господинот Си Џинпинг мора да биде свесен за последиците од неговата посета на Москва. Тоа е негов избор, но треба добро да размисли. Се надевам дека официјален Пекинг ќе ги одмери ризиците и ќе ја донесе единствената правилна одлука“, порача Наузеда.