
Весна Мојсова-Чешишевска и Блаже Китанов се добитници на признанието „Во чест на поетот“ во рамките на манифестацијата во чест на Ацо Шопов, а која секоја година ја организира Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Штипјанецот Блаже Китанов и професорката Весна Мојсова-Чепишевска денеска признанието го добија за посебен придонес и популаризација на ликот и делото на Ацо Шопов.
Двајцата добитници се меѓу првите кои направиле истражување и објавување на поезијата на Ацо Шопов, чие име денес го носи домот на културата во Штип. Тие истакнаа дека признанието им е од големо значење, бидејќи Шопов е големо име.
Книжевникот, Иван Антоновски рече дека Китанов е авторот на првото темелно истражување на поезијата на Шопов, а потоа објавено, а Мојсова-Чепишевска е првата од својата генерација книжевници што има објавено труд исто за Шопов.
Признанијата се доделија во спомен собата на Ацо Шопов, која се наоѓа во Центарот за култура „Ацо Шопов“ а присуствуваа книжевници, уметници, како и претставници од локалната самоуправа