
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги искажа пофални зборови за своите фудбалери кои синоќа на домашен терен одиграа 2:2 со Баерн Минхен во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот од Милано се пласираше во полуфиналето со вкупни 4:3.
– Прекрасна вечер. Победивме многу силен тим пред нашите навивачи. Одигравме два одлични натпревари и дадовме се од себе. Момците беа одлични. Мораме да ја споделиме оваа победа со сите кои се грижат за Интер. Да одиме напред! Оваа сезона ни дава многу позитивни емоции. Баерн играше многу интензивно во текот на целиот натпревар, но ние одговоривме тимски. Оваа вечер ќе ја паметиме долго. Ова е награда за целата напорна работа што ја направивме. Игравме против одличен тим, но имав среќа што имав одлични луѓе кои играат за мене. Момците жртвуваа многу. Им честитам за тоа што го направија на теренот“, изјави Инзаги.
Интер ќе игра против Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите. Првиот меч е на 29 април во Шпанија, реваншот на 6 мај во Италија