Skip to main content

Во стравичната несреќа во Аеродром е повредена 41-годишна жена

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што доцна попладнево се случи на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром во непосредна близина на „Веро“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во сообраќајната несреќа учествувале две возила, а околностите во кои се случила треба да ги утврди увидот, кој е во тек.

фото: Република

„На 15.04.2025 во 18.20 часот во СВР Скопје пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа на бул. ‘Јане Сандански’ во Скопје, во која учествувале патничко возило ‘киа’ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ш. (41) од Скопје и патничко возило ‘ауди’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т. (32) од Скопје“, се вели во информацијата од МВР.

Во несреќата е повредена 41-годишната В.Ш. која била зад воланот на превртената „киа“.

Таа, според МВР, е пренесена во болницата „Св, Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Засега нема официјални информации за нејзината состојба и тежината на повредите.

Поврзани вести