Skip to main content

Исчезнато девојче од Хрватска пронајдено во Штутгарт

Пиксабеј

Дванаесетгодишно девојче од Хрватска, Тиа Карахмет, е пронајдено во Штутгарт. Последен пат била видена во недела навечер пред нејзината зграда каде што си играла со пријателите, потврдила за Дневник.хр нејзината кума Ивона Шпрингман.

Кумата на Тиа ја откри среќната вест дека девојчето е пронајдено во Штутгарт и дека е живо и здраво. Семејството чека полицијата да го донесе девојчето дома.

Ја пронајдоа и сè е во ред, таа е жива и здрава, рече Шпрингман.

Таа откри дека семејството добило фотографија од непознати луѓе на која го препознаваат нивното мало девојче, а веста дека Тиа е пронајдена им ја потврдила на семејството и полицијата.

Поврзани вести