
Во рамките на активностите за одбележување на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, денеска во спортската сала Младост во Неготино се одржа турнир во фудбал на кој, според организаторот, учествуваа шест екипи.
По завршувањето на одигрувањето на натпреварите, на победничката екипа и беше врачен пехар за освоеното прво место, а исто така, беше прогласен и најдобриот играч на турнирот.
– Општина Неготино во рамките на расположливите можности, со финансиски средства го помогна одржувањето на овој турнир во фудбал, како и другите активности кои ќе се реализираат во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, соопшти неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.