Ракометниот клуб Алкалоид денеска го доби противникот за осминафиналето на Европскиот Куп.
Избраниците на Кире Лазаров ќе играат со италијански Бриксен, а овој ривал дава надеж за позитивен резултат и пласман во следната фаза.
Италијанците ќе бидат домаќини на првиот натпревар против македонскиот претставник, а дуелите ќе се играат на 15/16, односно 22/23 февруари.