Skip to main content

Руте потврди: Четворица американски војници загинаа во близина на границата со Белорусија

freepik

Додека го држев мојот говор, дојде вест за смртта на четворица американски војници во инцидент во Литванија – им рече Руте на новинарите, додавајќи дека се уште не ги знае деталите.

Американската амбасада во Вилнус претходно денеска извести дека четворица американски војници исчезнале вчера попладне и дека војската и полицијата на балтичката земја заедно со американската војска трагаат по нив.

Амбасадата на социјалната мрежа Х напиша дека војниците исчезнале на полигонот во близина на Пабраде во источна Литванија, блиску до границата со Белорусија.

Пријавено е дека „војниците од 1-та бригада, 3-та пешадиска дивизија изведувале планирана тактичка обука во моментот на инцидентот“.

Поврзани вести