Skip to main content

НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола од денеска почнува со одбележување на јубилејот- 80 години од основањето

Фејсбук СВ Климент Охридски-Битола

Во чест на значајниот јубилеј – 80 години од основањето, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола со низа активности ќе ја одбележи долгогодишната традиција, културната мисија и придонесот на установата во зачувувањето и промовирањето на знаењето.

Одбележувањето на јубилејот започна вчера, со панел-дискусијата на тема: „Библиотеката – срце на заедницата: 80 години култура, знаење и иновации“ во Офицерски дом – Europe House Битола.

26 март (среда)
– Доделување на награди во 12:00 часот, во знак на признание за: најпосветените читатели, најдобрите библиотечни приказни, роднокрајните автори, како и благодарници за поранешните вработени.
– Промоција на книгата „Елисиски ехо: Поезијата на меморијата на слободата“ од авторот Игор Трајковски – Фоја, во просториите на Библиотеката, со почеток во 18:00 часот.

27-ти март (четврток)
– Поетскиот настан „Стихови што обединуваат“, посветен на Светскиот ден на поезијата, кој требаше да се одржи во Читалната „Горан Стефановски“, со почеток во 18:00 часот, во соработка со Македонското научно друштво
– Промоција на книгата „Факсимили на роднокрајни автори“, членови на ДПМ, и претставување на каталогот посветен на Горан Стефановски, во Читалната „Горан Стефановски“

Одбележувањето на овој значаен јубилеј ќе заврши со свечената академија на 28-ми март 2025 година (петок) во Офицерски дом-КИЦ во 19:00 ч.

Поврзани вести