
Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Општина Центар известуваат за настан, кој ќе се одржи в петок 28.03.2025, во рамките на одбележувањето на месецот на Франкофонијата.
В петок, 28 март, од 11 ч. во основното училиште „Киро Глигоров“, ќе се одржи училишна активност насловена „Ден на франкофонските култури“, чија цел е низ низа училишни активности на интерактивни штандови да се доближи културната разновидност на франкофонските земји до домашната публика.
Настанот официјално ќе го отворат Н.Е. г. Кристоф ле Риголер, Амбасадор на Франција и г. Горан Герасимовски, Градоначалник на Општина Центар.
Настанот е во организација на Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Општина Центар, а учествуваат и училиштата: ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Koле Неделковски“, ООУ „Гоце Делчев“,ООУ „11 Октомври“, ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ООУ „Киро Глигоров“.