Skip to main content

„По име Господин“ во режија на Борис Василевски вечерва премиерно во театарот „Војдан Чернодрински“

„По име Господин“ на Филип Ноле, а во режија на Борис Василевски вечерва, (6 декември) во 20 часот премиерно ќе биде изведена во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Играат: Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски, Дарко Карбески и Наталија Ристеска.

Идејата да се отфрлат општествените правила и да се живее живот надвор од капиталистичките и потрошувачки рамки – и тоа денес, во Западниот свет – тоа, за волја на вистината, се граничи со апсурд. Но за Господин, апсурдни и бесмислени се бесконечните наметнати потреби и норми на денешното живеење кои ги трошат и ги обезвреднуваат нашите животи. Преку глава му е од сѐ, па решава да се ослободи, да живее едноставно и да достигне апсолутна индивидуална слобода и независност, надвор од „капиталистичката работничка мелница“. Ниту прифаќа да работи, ниту да користи пари. Неговата идеја е радикална, но тој не гледа друга можност за себе. За да се издржува, во подрумот сместува еден необичен придружник – лама, која му помага да се одржува во живот без да се предаде на бескрупулозното секојдневие и материјализмот.