Skip to main content

Целосна мобилизација на институциите, МВР работи со сите свои капацитети

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во денешната изјава за медиумите повика на целосна мобилизација на сите институции и потенцира дека Министерството за внатрешни работи уште веднаш ги активираше сите свои капацитети.

Од обезбедување на местото на трагедијата, евакуација и извлекување на повредените, регулирање на сообраќајот, па сѐ до логистичка поддршка за нивниот транспорт и лекување, како во земјата така и во странство. Над 250 лица беа брзо и безбедно транспортирани до болниците низ државата, а над 100 лица до граничните премини. Веднаш беа изработени итни патни документи за придружниците на повредените. Во исто време, полициските структури останаа целосно посветени на истражните дејствија и расветлување на случајот, дејствувајќи со емпатија, дисциплина и професионалност“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски извести дека во итна постапка биле изработени и патни исправи за придружниците на повредените во странство, а полициските службеници остануваат целосно посветени на истражните дејствија и расветлување на случајот, дејствувајќи со емпатија, дисциплина и професионалност.

Поврзани вести