
На социјалните мрежи се појави застрашувачко видео од организацијата „Пантери“ која во живо фаќа луѓе кои договараат средби со малолетнички. Лицето на снимката има 49 години и „Пантерите“ му го покажаа разговорот со девојчето на што тој негираше.
Лицето се вика Сулејман Исмаиловски и „Пантерите“ го тераат да се извини.
„Се каам што се допишувам со малолетнички, ова не ми требаше, ова е најголемата глупост што сум ја направил“, јас сум најголемото ѓубре, вели Исмаиловски.

Сулемјан на снимката вели дека има и внуци и оти не знае зошто ова го направил. Го натераа да се јави на сопругата и да и каже дека е во Битола за да се сретне со 14-годишно девојче.
Второто лице на снимката тврди дека има 40 години и тој исто се допишувал со 14 годишно дете.Toj вели дека дошол да се напие кафе со неа.
Ништо не планирав ви велам, не знаев дека е толку мала, уверува лицето.

Јавноста бара од МВР да се провери снимката времето и местото, личностите на видеото и доколку е точно дека ова е точно да бидат приведени и да се процесира по кратка постапка.
“Република“ се обрати до полицијата дали знаат за овие случаи, дали направиле проверка на смимката и дали ќе се преземат некакви дејствија за овие лица.
Од МВР велат дека постапуваат по сите пријави и сомненија согласно полициски овластувања и наредби од ЈО.