Skip to main content

Македонски државјанин е уапсен на албанско-црногорската граница, се работи на негова екстрадиција

Freepik

Албанската гранична полиција во соработка со Интерпол Тирана, на преминот на албанско-црногорската граница Муриќан, на излез од Албанија привела македонски државјанин баран со меѓународна потерница.

„За Н.А.(51), жител на Македонија, Интерпол Скопје имаше распишано меѓународна потерница по барање на судот во Скопје, издадена на 1 јуни 2023 година, откако му одредил мерка „затворски притвор“ за кривично дело „разбојништво“. Интерпол Тирана соработува со Интерпол Скопје и другите надлежни органи на двете земји со цел екстрадиција на приведениот во Македонија“, стои во полициското соопштение.

Полицијата додава дека приведувањето е резултат на интензивните проверки на Граничната полиција, со цел спречување и сузбивање на прекуграничен криминал и проверки за приведување граѓани барани со меѓународна потерница.

Поврзани вести