Skip to main content

Таравари: И премиерот и јас како министер имаме обврска да ги видиме полесно повредените пациенти

За мене како министер за здравство, пред сè, и над сè, ми е важно пациентите да се живи и здрави во овие кризни моменти. Јас споделив уште пред неколку денови на социјалните мрежи дека не треба да се злоупотребуваат лицата на пациентите, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конферницјата пред Ургентниот центар во Скопје.

Во Кочани, во дискотека, во пожар кој избувна рано натуро на 16 март загинаа 59 лица главно на возраст меѓу 14 и 25 години од Скопје, Штип, Кочани, Пробиштип, а над 190 беа повредени.

Според Таравари, тој како министер за здравство и премиерот Христијан Мицкоски имаат обврска да ги посетуваат пациентите, појаснувајќи дека за посета на оние кои имаат изгореници од прв степен не треба ништо друго освен маска, додека пак, за оние на интензивна нега има посебни правила.

Се надевам дека ние како Влада се придржуваме стриктно на ова, ги посетуваме пациентите. Сакам уште еднаш да кажам, и премиерот и јас како министер за здравство имаме обврска да одиме и да ги посетиме пациентите тие коишто се полесни. Тие коишто се полесни, односно опекотини од прв степен, не ни треба ништо друго освен маска, а тие што се на интензивна нега, таму има правила и кај нас и во странство и да сакаме ние не можеме да влеземе без да бидеме облечени како што треба – изјави Таравари.

Прашан како ги посетиле вчера пациентите во Бугарија, со оглед на тоа дека сите пациенти таму се на механичка вентилација, Таравари рече секаде каде што извршил посета на пациенти бил облечен онака како што треба.

Секаде каде што бевме, а и тука кога ги посетував во „8 Септември“ и Градска болница бев облечен како што треба. Меѓутоа, не заборавајте дека имаме и лесни пациенти коишто имаат опекотини од прв степен и нив можеме само со маска да ги видиме. Обврска имаме и премиерот и јас секојдневно да добиваме информации за на крај да имаме повторно резултат како што имаме денеска – рече Таравари.

Поврзани вести