
Жители на Белград нудат место за сместување на роднините и пријателите на македонските државјани настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а коишто се пренесени на лекување во српската престолнина.
Како место каде што може да се обратат се посочува Факултетот за спорт и физичко воспитување.

Претседателот на Србија, претходно соопшти дека на српските клиники ќе бидат примени вкупно 29 македонски пациенти.