
Универзитетското студентско собрание (УСС) при УКИМ упати јавно извинување до сите членови на академската заедница во врска со говорите на ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова, и министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешниот собир пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој беше организиран по повод оддавање почит за 59 загинати во трагедијата во Кочани.
Во објавата на официјалниот фејсбук-профил на УСС УКИМ, велат дека ги прифаќаат критиките во врска со настанот и додаваат дека на наредните собири кои се предвидени до 21 март нема да има никакви обраќања.
Ова е прва наша организација од овој тип и се молиме дека ќе биде последна. Ги прифаќаме сите критики за овој и секој нареден настан, а и ние самите ги увидовме. На наредните собири нема да има никакви обраќања“, наведуваат од УСС УКИМ.