Skip to main content

Денеска протест во Кочани: Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест

По трагичниот настан во дискотеката во Кочани, во кој животот го загубија над 59 лица, а над 100 се хоспитализирани, на социјалните мрежи се шири повик за протест.

Протестот е закажан во 13 часот во Градскиот парк во Кочани .

Граѓаните бараат конкретни промени. Ќе се борат за град без партиски вработувања, за институции кои функционираат, за полиција која е тука за нас, за инспекциски служби кои ќе ги вршат своите обврски, за јавни простори кои ќе бидат безбедни и чисти. Протестот е за правдата, за секој од нас, за секоја жртва која што ја изгубивме и за сите нас кои го живееме овој град секој ден, стои во објавата на Фејсбук профилот Кочани.

Поврзани вести