Skip to main content

По Србија, утре Ден на жалост и во Црна Гора!

Утре во Црна Гора ќе има Ден на жалост по повод трагедијата во Македонија, во која загинаа 59 лица а над 150 се повредени.

„Со голема тага ја примивме веста за трагичниот настан во Кочани, Македонија. Владата на Црна Гора е подготвена да застане покрај пријателскиот народ на Македонија на сите неопходни начини во ова тешко време и со ова ја информира јавноста дека понеделник, 17 март, во Црна Гора ќе биде Ден на жалост. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Нашите мисли и молитви се со Македонија“, напиша црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на Икс.

Поврзани вести