Skip to main content

Почина Андреј од ДНК!

Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. Веста за неговата смрт Телма ја дознава од неговото семејство.  Тој, според информациите, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот. Последен пат бил виден кога влегол повторно во објектот да помогне на луѓе кои се внатре.

Исто така музичарот Филип Стевановски од Куманово- придружен член на дуото ДНК загинал во пожарот што ја зафати дискотеката „ Пулс“ во Кочани, јавува штипската телевизија Тв Стар.

Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор , а магистрирал jazz музика. Работеше во Државниот музички училишен центар „ Сергеј Михајлов“ во Штип, велат од Тв Стар.

Во несреќата загинал и тапанарот на ДНК, Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица.


Според најновите информации, загина и фотографот на групата ДНК. Сѐ уште не се знае за здравствената состојба на придружниот вокал, Сара Пројковска.

Поврзани вести