Skip to main content

Фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров им подлегна на повредите добиени од пожарот во Кочани

Фудбалерот Андреј Лазаров кој имаше 25 години и беше помеѓу повредените за жал во болницата во Штип го загубил животот.

Лазаров кој беше член на Шкупи од летово се здобил со изгореници кој на крајот се покажале како претешки за да преживее.

Неговиот клуб претходно објави дека тој е надвор од животна опасност, но ситуацијата подоцна се променила и за жал им подлегнал на повредите. Металург, Работнички и Тиквеш беа клубовите за кои настапуваше во Македонија, додека во Хрватска беше дел од Рудеш и Горица.

Од него се прости и македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Поврзани вести