
Косовската влада усвои предлог-одлука за прогласување на Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација.
Премиерот Албин Курти, изјави дека одлуката има за цел „да ја зајакне правната и стратешката основа на Косово во однос на меѓународната безбедност и борбата против тероризмот“.
Исламската револуционерна гарда е идентификувана како структура што го користи тероризмот и организираното насилство како инструмент на надворешната политика, придонесувајќи за регионална и глобална дестабилизација“, изјави Курти.

Македонски


