
Ќе се утврди одговорност, со име и презиме, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Сакам да ја уверам македонската јавност дека во овој случај ќе се утврди одговорност точна со име и презиме, рече Тошковски и замоли за разбирање во овие тешки моменти.
Искри од пиротехника кои се употребувале за светлосен ефект се причина за трагедијата во Кочани, потврди Тошковски.
Тој официјално потврди дека до сега има 51 загинато лице и над 100 повредени.
Министерот вели дека се приведени лица, со кои се одвива разговор за причините за пожарот.