
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Кривичниот суд за определување на притвор на Асмир Јахоски, Пуцко Петрол. Ова е победа на правдата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Само со одлуката за ставање во притвор на Јахоски е единствено исправна и очекувана за криминалот од 160 милиони евра, криминална шема во која еден од обвинетите е во бегство, потенцираат од партијата.
Само со исправни одлуки ќе го победиме системот кој мора да го смениме. Оваа одлука немаше да се случи без народот жеден за правда, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
П.С Порака до целата политичко бизнис бандитска исповрзана мрежа: Заедно со народот жеден за правда ќе ве победиме сите вас кои ја злоупотребувавте државата, сите вас кои ја доведовте Македонија до ова дереџе. Правда ќе има. Ред ќе има. Македонија ќе победи, додаваат во соопштението.