Skip to main content

Мицкоски во Општина Студеничани: Поставување на камен темелник на реконструкција на локален пат

Од Владата на Република Македонија информираат дека утре 15.03.2025 година (сабота) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на поставување на камен темелник на реконструкција на локалниот пат Драчево-Мотел Китка делница село Црвена Вода „Китка“ во Општина Студеничани.

Проектот е од првиот јавен повик на Владата во вредност од 63.537.537,78 денари, од кои учеството од страна на Министерство за транспорт изнесува 59.205.825 денари, а кофинансирањето на општината 4.331.712,78 денари.

Во 11:15 часот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, потенцираат од прес службата на Влада.

Поврзани вести