Skip to main content

Мртва уста не зборува, Вучиќ под земја, слободно убивајте полицајци, никој нема да одговара: Ного со стравични закани за 15 март

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во сабота 15 март, може да заврши под земја, бидејќи мртва уста не зборува!Полицајци слободно може да убивате, никој нема да одговара. Ова се страшните закани на екс пратеникот во Српското Собрание, Срѓан Ного, кој носеше бесилка на демонстрациите против претседателот Вучиќ, како дел од стравичниот план на антисрпската опозиција.

Ного детално го изложил пеколниот план на блокадерите и насилната опозиција, кои за 15 март најавуваат завршен собир пред Собранието на Србија.

Ного буквално рекол „Во сабота да завршиме со него“, за потоа да дообјасни што се планира за сабота.

Вучиќ нема опција да се предаде само така. Нему ова му е или власт или идеш во затвор или под земја. Тоа е опцијата со која Александар Вучиќ се соочува. Мртва уста не зборува…Ова може да се реши без крв, само ако него и неговото семејство биде уапсено. Секоја друга опција ќе биде бесилка, јас ќе понесам бесилка- рекол Ного, кој потоа додал дека слободно може да се убиваат полицајци, бидејќи за тоа никој нема да одговара.

Поврзани вести