Skip to main content

Нова ера на телемедицината и е-здравството, потпишан Меморандум за соработка со Словачка

Министерство за здравство

Со цел модернизација на здравствениот систем, министерот Арбен Таравари, потпиша Меморандум за соработка со Министерството за здравство на Република Словачка, со акцент на електронското здравство и телемедицината – две клучни области за иднината на здравствените услуги, соопшти Министерството за здравство.

Министрите Арбен Таравари и Камил Шашко, во Братислава потпишаа договор, со кој се зајакнува билатералната соработка во медицинските иновации, размена на експертиза и обука на здравствени работници. Меморандумот е со цел модернизирање на дигиталната здравствена инфраструктура, олеснување на медицинските консултации од далечина и подобрување на пристапот на пациентите до медицинските услуги.

Ова е голем чекор кон попристапен и поефикасен здравствен систем. Партнерството со Словачка ќе ни помогне да имаме корист од нивното искуство и напредната технологија во е-здравството и телемедицината, истакна министерот Таравари по церемонијата на потпишување.

Оваа соработка ги отвора вратите за конкретни проекти, кои ќе донесат иновативни технологии во здравството, подобрување на грижата за пациентите и подготовка на здравствените работници за предизвиците на дигиталната ера, додаваат од МЗ.

Поврзани вести