Skip to main content

Во Кавадарци отворена изложба на дела од уметникот Петар Попчев

Изложба на дела од ликовниот  уметник Петар Попчев беше отворена вечерва во Музеј галеријата во Кавадарци. Трајче Цветков, виш кустос историчар на уметноста, рече дека делата го носат духот на неговиот долгогодишен труд и неговата уметничка визија.

– Станува збор за  уметник кој веќе неколку децении активно ги истражува и ги спојува различните правци и стилови во ликовната уметност. Неговата уметничка практика е многу повеќе од едноставен израз, тоа е патување низ апстракцијата, емоцијата, симболиката, па се до византиското сликарство кои тој ги вметнува во своите слики. Во неговото творештво се чувствува силен контекст на историјата, но истовремено и личната интерпретација на светот во кој живееме денес, истакна Цветков. 

Притоа нагласи дека неговите слики носат духовни пораки, тие се динамични, живи и полни со интензивни бои, што предизвикуваат размислување и патување низ историјата и филозофијата, до јазот помеѓу човекот и светот.



Поврзани вести