Skip to main content

Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна

На 12.03.2025 во 19.50 часот на улица ,,Бане Вељаноски“ во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка Скопје го привеле И.Б.(34) од Гостивар.

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 став 2 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Поврзани вести