Skip to main content

Зацрнете и запалете сè: На вработените во УСАИД им пристигнал мејл со наредби

Вработените во Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите држави (УСАИД) добиле наредба да ги уништат и запалат доверливите документи и персоналните досиеја. Барањето предизвикало вознемиреност кај вработените поради тековното распуштање на агенцијата, откако Стејт департментот објави дека повеќе од 80 отсто од програмите на УСАИД трајно се затвораат.

Според информациите на „Про публика“, вршителот на должноста извршен секретар, Ерика Кар испратила мејл во кој се заблагодарува на персоналот за „чистењето“ на доверливите сефови и документацијата за персоналот од канцеларијата во Вашингтон. Таа, исто така, им рекла да се сретнат во дворот на зградата на еднодневен настан каде што требало да се уништат документи.

Најпрво, исецкајте што повеќе документи, а резервните кесички за спалување сочувајте ги ако сечилото се расипе или ако му треба пауза, се наведува во мејлот, во кој увид имал и „Би-Би-Си“.

Кар им наложила на вработените да ги означат ќесичките за спалување со зборовите „ТАЈНО“ и „УСАИД/Б/ИО“ (кратенка за „биро или независна канцеларија“) со темен фломастер.

Вообичаено, документите сместени во кеси за спалување и отстранување се запечатени и потоа се носат на безбедно место каде што се уништуваат.

Поврзани вести