
Одделите за ортопедија и за урологија во болницата во Велес добија нова современа медицинска опрема. Ова беше повод за денешната посета на министерот за здравство д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски.
Артроскопски столб со 4К резолуција за побрзи и поквалитетни ортопедски и трауматолошки процедури, како и хирушки тулиум ласер за операции на простата и калкулоза во уринарен тракт.

Пациентите ќе ја добијат оваа здравствена услуга поблиску до местото на живеење. Новата опрема е во вредност од 24,5 милиони денари.
