
Јубилејното, 30. издание на Моден викенд Скопје ќе се одржи од 4 до 6 април година во Diamond Residence А Class office кој е дел од проектот Diamond of Skopje.
Оваа сезона, под слоганот „Community Outfits“, ја славиме модата како уметност, културен израз и двигател на позитивни промени. FWSK отсекогаш бил повеќе од модна писта – тоа е сцена каде што индивидуалноста се слави, а заедницата ја дефинира иднината на модата, велат од Моден викенд Скопје.
За јубилејното издание организаторот најавува ексклузивни модни ревии – колекции од врвни македонски и меѓународни дизајнери, јавни дискусии за иднината на модата, етичката потрошувачка и социјалниот аспект на индустријата, специјални тематски настани инспиративни средби што ја поврзуваат модата со уметноста и одржливоста.
УНИБанка е генерален партнер на ова јубилејно издание.