Skip to main content

Утре без струја дел од кориниците од две улици во Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре (8 март) без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. Саса во Пинтија и ул. Христо Татарчев во Општина Кисела Вода.

Од 08:30 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Саса во населба Пинтија, а од 9:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев, подулица бр. 13.

Поврзани вести